Артан Груби: Информативни табли на албански јазик на Блаце
Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека на граничниот премин Блаце се поставени тројазичмни информативни табли, на кој е и албанскиот.
„Царинската управа на Северна Македонија ги постави информативните табли и на албански јазик на граничниот премин во Блаце.
Во оваа прилика им честитам за прикажаната институционална одговорност во спроведувањето на уставната и законската обврска за употреба на албанскиот јазик како службен јазик“, напиша министерот за политички систем
Во моментов фракционерската „Огнена група“ во ДУИ која има свои пратеници во Собранието бара повлекување на Груби од партиските тела. Од друга страна извесно е дека владеачкото мнозинство ќе се прошири со Алијанса за Албанците во коалиција.
Слично
