Aртан Груби ги повика иселениците да се мобилизираат и да се самопопишат
Првиот вицепремиер Артан Груби преку Фејсбук ги повика иселениците да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број.
Тој даде инструкции како да се самопопишат, и да ја споделат информацијата со своите семејства.
„Ве молам за максимална свест и мобилизација. Споделете и известете го семејството“, пишува Груби.

Самопопишувањето ќе може да се направи од утре. Од утре почнува првата фаза на пописот. Ќе се попишуваaт иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците.
фото Фејсбук
Слично
