АРСОВСКИ ЗА ПРЕКРОЈУВАЊЕТО: Се намалува бројот на македонски гласови во шестата изборна единица
Во разговор на Телма политичкиот аналитичар Патар Арсовски вели дека измените на Изборниот законик се мини политичка победа на ДУИ.
„Со прекројувањето на петтата и шестата изборна единица, македонски гласови се селат во петтата, со што се намалува бројот на македонски гласови во шестата изборна единица“ – вели Арсовски.
Општините Дебар и Маврово-Ростуше место во шестата ќе бидат во петтта изборна единица, ваква одлука, донесе Собранието со 75 гласа „за“.Според препорака на ОБСЕ треба да се сменат границите на шестата изборна единица, затоа што една изборна единица не смее да има 5 отсто повеќе гласачи од другите.
Слично
