Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовски вели - имав дозвола за движење, Костадинов прашува - кој му ја издал и за каков ангажман

Арсовски вели - имав дозвола за движење, Костадинов прашува - кој му ја издал и за каков ангажман

Откако порталот Мактел вчера вечерта објави вест дека „на пункт на излез од Струмица во 22 часот бил фатен портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој немал дозвола за движење во полициски час“, тоа предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Со статус синоќа излезе прво Арсовски, кој вели дека е точно дека бил легитимиран, но дека имал уредна документација за движење во полициски час. 

„Признавам, бујна фантазија имаат изгубениве од СДСМ. Прочитав интересна приказна на мактел, кај оној новинарски бард близок до Заев, мислам “Поликлинико” или “Политико” го викаа и просто не можев да се изнасмеам што се имаше пишано. Да разјасниме веднаш, се е измислица и лажна вест. Имено, да, точно е, уредно бевме легитимирани со мојата девојка од полициски службеници на излез од Струмица и уредно доставивме документација која овозможува движење во полициски час заради професионални потреби. Полициските службеници беа фини морам да признаам, најљубезно и уредно откако заврши процедурата се отпоздравивме како културни граѓани и продолживме накај Скопје. Следната полициска патрола која не пречека беше кај Штип, при што имаше едно дрско момче во полициска облека, гарантирам член на СДСМ, кое почна без никаква причина да ми го претресува возилото. Јас бев културен, дури и ми побара да отворам куферче мало со облека да видел што има. Додека ѕвонеше кај неговите партиски шефови, дојде негов колега, кој го пратиле да ме праша кој сум, па грешно му јавиле, дојде ме праша дали сум портпарол на МВР. Го прашав дали од Струмица му јавиле да му кажат да ме пречекаат, ми одговори потврдно, дека им е јавено од Струмица, при што му се насмеав и му кажав дека грешно разбрал, не сум портпарол на МВР, туку на ВМРО-ДПМНЕ. Видоа – не видоа и оваа патрола немаше причина да ме задржи бидејќи уредно ги поседував сите легитимации и ме пуштија да си одам. Се на се, не се криви патролите, иако и во нив има партиски послушници и членови на СДСМ кои мора да одработат за партијата“, напиша Арсовски.

Според него, тој бил следен од параполициските структури на СДСМ. 

„За нивна жал, не им успеа оваа удбашка местенка. И затоа, имам да ви порачам неколку работи. Прво, не ви се плашам, следете ме. Штом не следите сите нас, вие сте тие што се плашите, а богами и има зошто. Институционално ќе си одговарате кога ќе дојде време... Второ, во оваа држава има закони и тие закони јас ги почитувам и секогаш ќе ги почитувам бидејќи никој не е над законите во една држава. Затоа уредно ја доставував мојата легитимација и постапував како ми беше кажано. Трето, гледам Коста Костадинов пишал некој статус таму, во недостиг на внимание од народов што не може да го смисли ниту него, ниту Заев, па вели, Димче го става во ризик здравјето на граѓаните. И четврто, Коки, имаш рок до утре (08.06.2020) до 13.00 да се извиниш јавно за овие клевети дека сум се заканувал по полициски патроли повикувајќи се со министри, а ако не се извиниш, ќе мораш на Суд да ги докажеш овие измислици“, пишува меѓу другото Арсовски.

Денеска му одговори Коста Костадиновски од СДСМ. Вели дека „одговорот на Димче е идентичен како оној на неговиот учител, Мицкоски. Во стилот, на Силвана Бонева, не сам знајала!“

„Во еден момент Димче вели, поседував соодветна дозвола за движење во време на полициски час, заради професионален ангажман. Неколку прашања отвора трагикомичниот статус на колегата од дпмне.

Кој му ја издал дозволата?
Дали можеби ВМРО-ДПМНЕ, ако е така можеби ВМРО-ДПМНЕ делат дозволи на сите свои функционери, за да можат да си се шетаат каде ќе посакаат, додека огромен број на граѓани седат дома?

Каков е тој професионален ангажман во 22 часот?
Со кој се сретнал, состанок ли имале, дали и луѓето со кои Димче се сретнал поседувале дозволи или по принципот на дпмне, ги прекршиле мерките, препораките и протоколите.

Ова е почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ.
Лаги, манипулации, неодговорност која мора да биде казнета!“, пишува Костадиновски на својот фејсбук статус.

Слично

Поврзани вести