Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовски: Ќе бараме рачно пребројување на гласачките ливчиња

Арсовски: Ќе бараме рачно пребројување на гласачките ливчиња

Oд ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес - конференција изјавија дека победиле во 41 општина, а СДСМ во десетина. 

Портпаролот Димче Арсовски рече дека на сајтот на ДИК имало податоци кои не кореспондираат со нивните податоци и записниците од избирачките одбори. Кажа дека функционери на СДСМ јавно повикувале да се прешкртуваат гласачки ливчиња. 

„Ќе бараме рачно пребројување на гласачките ливчиња. Потребно е да се заштити волјата на граѓаните“, рече тој. 

Изразија сомнеж за високиот број на неважечки ливчиња над 30.000. 

Повикаа ДИК да ги испита сите сомнежи кои се појавија околу изборите за фалсификување. 

Слично

Поврзани вести