Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовски: Голем пад на рејтингот на Филипче

Арсовски: Голем пад на рејтингот на Филипче

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека Венко Филипче, министерот за здравство, по една година се стекнал со голем пад на рејтингот, откако првично тој рапидно му се зголеми со почетокот на пандемијата.

„Нормално, ненормално брзо порасна пред токму една година рејтингот на тогаш просечниот министер на СДСМ, Филипче, и сите аномалии кои беа главна болка за неуспешното справување со пандемијата се ставаа во втор план. Тој рејтинг кој порасна за Филипче се вика "рејтинг на сожалување", кога граѓаните се беспомошни, погодени од натприродна човечка сила и се сожалуваат, а во тој момент култ на супер-човек се градеше околу Венко“, напиша Арсовски меѓудругото на Фејсбук.

Во меѓувреме Арсовски, без да каже на кои истражувања и анкети ги темели овие сознанија, вели дека во изминатиот период следува голем пад на рејтингот на министерот, затоа што јавноста се чувствува најзагрозена досега.

„И затоа, од позитивен "рејтинг на сожалување", Венко Филипче сега го топи обратниот, односно со сите постапки влегува во фазата "негативен рејтинг на полуомраза и разочараност". Е сега овој рејтинг ќе се зголемува и трае многу долго за разлика од претходниот.

Можеби требаше една година да сфати народот што зборувавме лани, од истите причини, затоа што беше беспомошен и исплашен како и сега, но никогаш не е доцна, бидејќи додека СДСМ ги краде нашите народни пари, наши блиски умираат од Ковид-19“, заклучува гласноговорникот на најголемата опозициска партија.


Слично

Поврзани вести