Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски најави повеќе тужби, откако на прес конференција, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска кажа дека тој ја немал поднесено најавената тужба.
„Гледам ме спомнала Кузеска на прес конференција на СДСМ дека ме немало никаде за тужбата. Да беа сериозна партија ќе беа сфатени цинично, ама вака се смешни. Бидејќи се интересираат, да им појаснам само, не е една, подготвувам тужби не кон еден, туку кон повеќе субјекти, па за да скратиме на обврски и време во однос на поднесување, решив најпрвин да ги подготвиме тужбите, па во вторник да ги поднесеме одеднаш. Се надевам подготвени се да докажат на Суд, бидејќи во претходните случаеви не беа. Мојот резултат на тужби од лица на СДСМ кон мене е 0 изгубени. Сега ќе ја имам честа да го надополнам тој победнички резултат со добиени тужби кон нив“, вели Арсовски.
