Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовска за Универзална сала: Проектот е на Владата, изведувачот бара повеќе пари

Арсовска за Универзална сала: Проектот е на Владата, изведувачот бара повеќе пари

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска рече дека узведувачот на реконструкцијата од надворешниот дел на Универзална сала во текот на својата работа направил, односно генерирал непредвидени трошоци.

- Градот Скопје не се јавува како инвеститор и ние не бараме повеќе средства за изградба на Универзалната сала. Лицето кое го изведува проектот вели дека има непредвидени трошоци и тој бара поголема сума која Градот ја нема, а Владата треба да ја обезбеди, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа напомена дека Градот Скопје нема никаква вина во тоа што се случува ниту има каков било удел во делот на трошоците кои што ги генерирал на лице место изведувачот.

- Тој бара поголема сума која Градот ја нема, а сума која што Владата треба да ја обезбеди, затоа што иницијално таа беше онаа која ја обезбеди и првичната сума за изградба на Универзална сала – истакна Арсовска на денешната прес-конференција во одговор на прашање.



Слично

Поврзани вести