Арсовска за мостот „Беласица“: Не знаеме колку ќе биде затворен
Пожарот на мостот „Беласица“ е од несовесни граѓани, не знаеме колку ќе биде затворен, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек, имаме несовесни граѓани кои не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, и тоа е нешто апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последици, а тоа е да се најдат сторителите на ова дело. Градот ги чека анализите да ги видиме извештаите од МВР и од ЦУК и да почнеме со постапување. Треба да се испита дали е безбеден, да се провери неговата статика, па потоа да се даде одговор“, рече Арсовска за ТВ 21.
Вели дека се свесни дека се создава хаос, но не зависи од нив кога мостот ќе функционира нормално. Поради пожарот кој се случи пред четири дена возачите се принудени да ги користат другите мостови.
