Арсовска за Меџити: Овој се чини е Министер само на неговите другарчиња во Чаир
Никој не му поставувал прашања на вицепремиерот Изет Меџити, ниту пак институциите постапувале, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби да не ти постави ниту еден новинар прашање, а институцииве што “донесоа правда” да не смеат на независна територија Чаир да писнат, не пак да постапуваат. Туку за друго ми е постов, сите веќе знаат дека сте криминалци. Бидејќи Министеров за животна средина и дивоградби, Изет Меџити делел пари за проекти за општините низ Македонија, сакав да прочитам да не дал за Скопје случајно да се реализира некој проект“, вели Арсовска.
Таа го обвини Меџити дека е министер само во Чаир.
