ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА ЗА ФАКТОР: Само во мојов случај напаѓачот го пуштаат дома, му се овозможува да ги реализира заканите

АРСОВСКА ЗА ФАКТОР: Само во мојов случај напаѓачот го пуштаат дома, му се овозможува да ги реализира заканите

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го прифатила обезбедувањето кое и го одобри Министерството за внатрешни работи, откако беше нападната во скопската населба Чаир. Таа во изјава за Фактор вели дека досегашната пракса за ваквите случаи е ефективна мерка притвор, а само во нејзиниот случај, напаѓачот е пуштен во домашен притвор.

„Да, доделено е обезбедување од страна на МВР од саботата и нормално дека го прифатив, со месеци говорам за заканите. Јавното обвинителство ја обжали одлуката на судот за куќен притвор бидејќи судската пракса досегашна за вакви случаи била ефективна мерка притвор, само во мојов случај се носи одлука да го пуштат дома, и му се овозможува да ги реализира заканите“, вели Арсовска за Фактор.

Инаку, првоосомничениот за напад врз Арсовска, Љамалари Барути доби мерка куќен притвор, иако обвинителството бараше затворски притвор. Второосомничениот пак, доби мерки на претпазливост.

Александар Тодески


ad
Слично

Поврзани вести