Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовска вели дека ВМРО-ДПМНЕ создава хаос со јавниот превоз во градот

Арсовска вели дека ВМРО-ДПМНЕ создава хаос  со јавниот превоз во  градот

Според градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска долгот кон приватните превозници е дел од договорна обврска за која ако има спор превозниците требало да опоменат, па да тужат како начин за да се наплатат.

Градоначалничката за хаосот во градот го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека највисокото партиско ракводство ги прави сите опструкции за ова што се случува со јавниот превоз.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека јавноста очекува решенија на градот за јавниот превоз, како што велат неспособната Данела Арсовска го принудува директорот на „Паркови и зеленило“ да чита текстови напишани од консултантите на Град Скопје најмени за 4 милиони денари.

„Јавноста денес очекува одговори зошто нема навремен и комплетен јавен превоз? И второ, Арсовска треба да одговори што се договорила на тајната средба со премиерот Ковачевски, на која присуствувал и Стевчо Јакимовски“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Рано утрово приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ блокираше дел од Скопје. 

Од Слобода превоз најавија правна битка со Град Скопје и ќе бараат одговорност за клеветите кои ги упатила кон нив градоначалничката. Град Скопје им должи над милион и пол евра на приватните превозници, кои цела недела во знак на револт се исклучија од градските линии. Арсовска по ова ги обвини за криминал, рече дека наплаќале билети без да ги пријават и не прифати средба со нив.

Слично

Поврзани вести