Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовска вели дека Ковачевски дал несмасна изјава

Арсовска вели дека Ковачевски дал несмасна изјава

Скопската градоначалничка Данела Арсовска за денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски рече дека нема да ја земе за зло, затоа што како што рече се работи за „несмасна изјава, поради негово политичко неискуство“.

Таа на денешната прес-конференција информираше дека од 1 јуни 2022 година до овој момент исплатени се вкупно 111 милиони денари, од вкупно фактурирани 120 милиони денари обврски кон „Слободен превоз“. Кон „Мак експрес има фактурирани 44 милиони денари и како што вели, сите се платени. Ги повика претставниците на приватните превозници најавениот протест да го префрлат пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Градоначалничката посочи дека ваквите состојби се политизираат и дека приватните превозници не го почитуваат договорот, што е потпишан со ЈСП на две години и оти не е исполнета обврската за усогласување на автобусите со еколошки стандарди, фискализирање на наплатата на билетите, навремено пристугнување на автобуските станици и одржување на хигиената на соодветно ниво.

„Ги повикувам претставниците на „Слобода превоз“ и на „Мак експрес“ овие протести коишто ги најавуваат да ги префрлат пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ чиишто директори го генерирале долгот којшто сега тие сакаат да го претставуваат како неуспех на градското раководство, а исто така и на новото раководство на ЈСП кое ги решава проблемите и сите оние долгови коишто се изгенерирани во изминатите години“, порача Арсовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека буџетот е блокиран поради неспособноста на Арсовска. Тие велат дека градоначалничката наместо да политизира треба да решава проблеми. 

Инаку, покрај за Универзалната сала се бара начини да ѝ бидат одземени ингеренциите на скопската градоначалничка Данела Арсовска за уште некои други проекти и дејности. Ова го најави премиерот Димитар Ковачевски откако денеска приватните автобуси не возеа, поради што од рано изутрина се создаде хаос во превозот на граѓаните. Приватните автобуси денеска не возеа поради тоа што и ЈСП и Град Скопје не им ги исплаќа парите.

Слично

Поврзани вести