„АРСОВСКА СО ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО ГЕСТАПО, АКО СЕ СКАРААТ СО НЕА, ВЕДНАШ ГИ РАСПРЕДЕЛУВА НА ДРУГО МЕСТО“: Екс советникот на Данела со шокантни тврдења за градоначалничката
Умејр Мухамеди екссоветник на градоначалничката Данела Арсовска, во гостувањето во подкастот кај новинарот Кристијан Ландов, откри шокантни информации за градоначалничката Данела Арсовска.
На прашањето на Ландов дека имало информации дека само што стапила таа на позицијата поставила камери насекаде, Мухамеди одговори дека таа со вработените се однесувала како Гестапо.
„ Ако се скара некој со неа, таа ќе ја смени бравата од канцеларијата каде што тој работел. Неподнослива е со вработените, има арогантен однос. Може некој да биде распределен во пожарна во Драќево. Мачтретирани се. Јас ги разбирам имаат кредити. Има луѓе со долгогодишно искуство кои се распределени. Еве Мирослав од Инспекторатот не е повеќе таму, беше достапен за сите. Исто така раководителката за образование е преместена во Драчево“, рече Мухамеди.
Нема никаква реакција од страна на градоначалничката Арсовска на обвинувањата на нејзиниот поранешен советник, Мухамеди.
Неговата изјава за подкастот може да ја погледнете тука.
