Арсовска: Со сите одбори на скопските претпријатија управуваат ВМРО-ДПМНЕ и Влен
Комунална Хигиена Скопје го управува 4 години претседателка на Управен одбор од ВМРО осудена правосилно за 2 тешки кривични дела, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а по низата фотографии од преполни контејнери низ градот.
„На Орце Ѓорѓиевски пренесете му да не прави нарачки, ако сакал градот да е почист доволно е на нивната партиска другарка Јулијана Спировска да и се јави, таман сега немаше да мора да се бори со демони. Инаку женава со кривично досие за ХАОСОТ што го предизвикува во Комунална хигиена, ќе биде наградена со советничко место во општина Бутел“, пишува Арсовска на Фејсбук.
Ја критикуваше и Државната изборна комисија дека го дерогира правилникот.
„Браво за ДИК кои Закон дерогираат со правилник и осудени лица со нивен амин ќе ви ги водат општините по избори пак. 4 години со 500 членови сите Управни одбори, Надзорни одбори и Училишни одбори на скопските јавни претпријатија и установи ви ги управуваат ВМРО и ВЛЕН. Обратете се кај нив за хигиената во градот, вработените во претпријатието и метачите со сите сили макотрпно работат и се борат со партиските демони на суетни самобендисани политичари“, вели Арсовска.
Слично
