ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА: Снимката која е службена тајна и дел од истражна постапка, МВР сами ја лиферуваа

АРСОВСКА: Снимката која е службена тајна и дел од истражна постапка, МВР сами ја лиферуваа

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска попладнево на Фејсбук повторно реагираше за инцидентот кој се случи вчера во Чаир и каде маж ја нападна. 

Вели дека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски веруваше на изјавите на командантите на ОВК, дека напаѓачот бил жртва - односно тврдеше дека таа нападнала командант на ОВК.

„Снимката која е службена тајна и дел од истражна постапка, МВР сами ја лиферуваа во медиуми каде е скратен делот како ме напаѓа и потенциран е делот каде се бранам, за напаѓачот да го прават жртва според сценариото на Тошковски. По 3 часа во болница каде бев придружувана од интервентна полиција, ми се констатирани трауми, по што бев во станица и откако МЕ ДРЖЕА ПОВЕЌЕ ОД 2,5 ЧАСА и се обидуваа да ги сменат околностите и изјавата, прашувајќи зошто сум била таму, што мајка сум барала, не сум требала да одам, станав и заминав. Среќа по доказите и изјавите постапи Основното јавно обвинителство Скопје“, пишува Арсовска. 


Инаку, човекот кој ја нападна доби мерка куќен притвор, а другиот кој се заканувал само мерки на претпазливост. 

Полицијата за Арсовска обезбеди 24 часовно полициско обезбедување.

ad
Слично

Поврзани вести