ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовска: Шефот на станицата Бит Пазар поднел прекршочна пријава дека сум го истепала командант Јамалари Барути

Арсовска: Шефот на станицата Бит Пазар поднел прекршочна пријава дека сум го истепала командант Јамалари Барути

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска тврди дека била поднесена прекршочна пријава против неа, додека давала исказ во полициската станица во Кисела Вода, а откако беше нападната во Чаир. 

„На снимките ова лице на полицајците кои се обидоа да го задржат по нападот, се слуша како дрско им вели „Барај си го шефот“. На судењето вчера од адвокатката на насилникот дознав дека додека мене ме држеа 2,5 часа во полициската станица во Кисела Вода и смислуваа стратегии, од полициската станица Бит Пазар по службена должност полицискиот шеф поднел прекршочна пријава против мене дека сум го истепала неговиот миленик командант Јамалари Барути. Адвокатката на Јамалари, меѓудругото рече дека и тој самиот бил жртва на физички напад и имал телесни повреди, ме пријавил за насилство, а побара и материјалните докази поднесени меѓу кои се фотографиите и видеозаписите да не се прифатат“, вели Арсовска. 

Инаку, обвинетиот Сулејман Јамалари изјави дека не се чувствува виновен за нападот врз градоначалничката Арсовска.


ad
Слично

Поврзани вести