Арсовска се сретна со борците од НОБ, а потоа се поклони кај партизанските гробишта
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
На средбата се зборуваше за значењето на организираната борба за слобода, за пожртвуваноста на многубројните борци кои ја извојуваа победата за да имаме денеска слобода и за идеалите за современо општество.
Арсовска потоа положи цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски
„Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“., информираа од Град Скопје.

Слично
