Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка

Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка

Oткако Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе пресуда со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, таа се јави со реакција на социјалните мрежи. 

„Судот денес го огласи за виновен за сторено кривично дело – насилство и му изрече казна затвор во траење од 2 (две) години, на насилникот Сулејман Љамалари за физички и вербален напад, нанесување телесни повреди и упатување сериозни закани. Продолжена му е и мерката притвор. Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник. Насилникот не покажа ни трошка каење за стореното, со својот однос континуирано се исмеваше со судот и јавноста. Дури се обиде жртвата да ја претстави како напаѓач, а себеси иако е насилник да се претстави дека бил тепан од жена“, пишува Арсовска. 

Како што потврдија од судот, во изречената казна ќе се засмета и времето кое обвинетиот го поминал во притвор.

Случајот се однесува на инцидентот од 11 јули 2025 година, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по пријава за бесправна градба. Според обвинението, Љамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал градоначалничката физички и вербално, нанесувајќи ѝ телесни повреди и упатувајќи сериозни закани.

фото Фејсбук/Данела Арсовска

Слично

Поврзани вести