„Арсовска отиде пред неговата куќа и го истепа“: Еве како Меџити гледа на работите
Вицепермиерот Изет Меџити во гостувањето во вестите на тв Сител беше запрашан зошто само Влен не го осуди физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска од страна на командант Барути.
На тоа Меџити одговори дека Арсовска не била нападната, туку дека таа дошла кај него пред куќа и го тепала.
„За што да осудиме? За тоа што таа оди пред негова куќа и го истепа? Да за осуда е тоа. Во секоја нормална држава таа ќе си поднесеше оставка“, рече Меџити.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска реагираше на неговата изјава.
-Тие се ваши пари, пари на граѓаните, што ќе ги отплаќа Македонија во следните 10 години, а сега ги трошите на овој што има 150 незаконски и небезбедни згради диво приклучени на скопскиот водовод и не плаќаат ни денар за вода. Лажи си ти Изет дека ЈП Водовод е крив, од природниот извор Рашче не извира толку вода КОЛКУ ШТО ВИЕ СТЕ СПОСОБНИ ДА УКРАДЕТЕ, стои во објавата на Арсовска на социјалните мрежи.
