АРСОВСКА ОБЈАВИЛА САМО ТЕНДЕР ЗА ПАКЕТЧИЊА, НЕ И ЗА УКРАСУВАЊЕ: За пакетчињата имало еден понудувач, 550 пакетчиња чинат 12.200 евра
Иако скопската градоначалничка Данела Арсовска упорно тврди дека е склучен тендер за новогодишното украсување на градот, сепак таа не го објавува, а истиот не е објавен ниту на сајтот на Бирото за јавни набавки. Таму ги има сите претходни договори на градот, за минатите украсувања, но не и годинешниот, пишува Фокус.
На сајтот, пред неколку дена е објавен тендер на Град Скопје склучен на 15 декември, но за новогодишни пакетчиња.
Според објавениот документ Арсовска набавила 550 пакетчиња, за вкупна цена од 12.200 евра. Или секое пакетче чини по 1.300 денари. На пријавениот тендер учествувал само еден понудувач, кој и ја добил зделката.

Градоначалничката претходно изјави дека новогодинешното украсување чини 30.000 евра.
-Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, напиша Арсовска на фејсбук, но повторно не го објави склучениот договор.
Таа ги објави само договорите од минатите години.

Вчера од Обвинителството истакнаа дека доколку Управата за финансиска полиција не постапува, тие ќе отворат предмет за случајот.
