Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот

АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот

Данела Арсовска му ја предала функцијата градоначалник на Град Скопје на Орце Ѓорѓиевски. 
Таа објави фотографија на социјалните мрежи. 
„Денес функцијата му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник на Град Скопје, на кој му посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот како градоначалник на сите граѓани. Ви благодарам на сите за континуираната поддршка, особено во мојата борба против организираниот криминал и корупцијата во градот, мисија во која ќе продолжам за да победи правдата, да понесе одговорност Висар Ганиу кој со својата организирана криминална банда до денес загрозува животи на илјадници наши сограѓани“, пишува таа. 


Инаку, двајцата претходно си упатуваа навреди.
фото Фејсбук/Данела Арсовска

Слично

Поврзани вести