Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА: Немам проблем со ВМРО-ДПМНЕ, туку со врхушката

АРСОВСКА: Немам проблем со ВМРО-ДПМНЕ, туку со врхушката

Скопската градоначалничка и претседателка на Нова Алтернатива,  Данела Арсовска во „Само Интервју“, кажа дека нема проблем со ВМРО-ДПМНЕ, туку со врхушката. 

Таа праша, покажувајќи фотографии од конгресот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дали ДУИ се негови творци.

„Ќе се залагаме за правда, правичност, економски просперитет и борба со корупцијата“ рече Арсовска.

На промоцијата беше и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, за што Арсовска одговори дека покана за присуство на конвенцијата пратиле до сите политички партии, што е и досегашна пракса. 

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, за присуството на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на партиската конвенција на Нова Алтернатива на која беше промовирана Арсовска за нов претседател на партијата,  рече дека тоа е дел од политичката култура. 

Слично

Поврзани вести