Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА: НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА НА СКОПЈЕ - градоначалничката најавува повеќе тужби

АРСОВСКА: НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА НА СКОПЈЕ - градоначалничката најавува повеќе тужби

Тужби за градоначалникот на општина Ѓорче Петров, за претседателот на Советот на општината, но и за министерот за транспорт и врски најави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска по одлуката на општината да изгласаат Детален урбанистички план за оваа општина. 

Таа истакна дека ова е доказ за корумпирана коалиција меѓу Христијан Мицкоски и Зорана Заев. 

- На 17.02 сабота на вонредна седница на општина Ѓорче Петров, спротивно на сите процедури, со кршење на повеќе закони, изграсан е ДУП надвор од сите процедури, согласно кој се предвидува изградба на бетонски монструм, составен од 50 згради, каде е предвидена изградба на 240.000 метри квадранти станбени објекти. Меѓу нив предвидена е изградба на повеќе згради, но она што повеќе загрижува за овој ДУП изграсан во сабота е изградбата на три индустриски капацитети на површина од преку седум илјади метри квадратни..

Ова е недозволиво, и нема да помине неказнето. Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје, вакво издание во близнина на три населени места. 

Овој ДУП е во спротивно со генералниот урбанистички план, и изгласан против сите процедури. Град Скопје повеќе пати го има вратено овој урбанистички план назат на корекција и се бара негово прилагодување за просторен развој на генералниот урбанистички развој. Но тој и покрај неколкуте укажувања, е изгласан и пратен во Министерството за транспортот, каде сега е министер поврзан со Зоран Заев. Општината нема одобренија од ресорните министерства, но пак го протнува овој закон  - потенцираше Арсовска. 

Таа на денешната пресконференција појасни дека повеќе закони и постапки се прекршени при носење на ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината Ѓорче Петров и затоа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави кривични пријави за градоначалникот, претседателот на Советот на општината, но и за министерот за транспорт и врски и други инволвирани лица. Град Скопје исто така ќе побара од Уставниот суд да го стопира реализирањето на овој, според нив, штетен и небезбеден план.

Арсовска, на прес-конферецнија  рече дека прво општината не ги собрала сите согласности од надлежните институции за да може  ДУП-от да го стават на располагање, а и таа согласност што ја имаат од Министерството за транспорт и врски е добиена според неважечки документи. Имено, документите кои биле обезбедени со висина од 5 или седум ката за зградите, сега се сменети со 14 и 20-катници, што според Арсовска ги прави документите неважечки.

За неа е спорно и тоа што ДУП-от предвидува изградба на хемиски постројки, кога градот се бори против загадувањето, како и времето на донесување на планот, во сабота, со мислење од  ресорното министерство, добиено за еден ден. 

 - Три објекти се уцртани во овој план, од 157.000 метри квадратни со хемиска индустрија - рече Арсовска.

Слично

Поврзани вести