Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА НА ДЕПОНИЈАТА ВО ЃОРЧЕ: Од утре повеќе инспекции и казни за фрлачите на ѓубре

АРСОВСКА НА ДЕПОНИЈАТА ВО ЃОРЧЕ: Од утре повеќе инспекции и казни за фрлачите на ѓубре

Градоначланичката на град Скопје Данела Арсовска денеска беше на увид во чистењето на депонијата во близина на индустриската зона во Ѓорче Петров. Најавува засилени инспекции и казнувања.
„Таму постои континуиран проблем што во вечерните часови се фрла отпад. Сакам да најавам дека започнува засилено работата на инспекциските служби на град Скопје и дека со глоби за фрлање на отпад на јавна површина ќе се казнуваат оние кои наштетуваат на животната средина и здравјето на граѓаните.

Од сите нас зависи во каков град живееме и нема да има отстапки, време е да се стави ред. До 31 јануари ќе бидат исчистени дивите депонии кои ги детектиравме што веќе почнаа да се реализира во голем дел од општините во Скопје, а воедно се работи на системско решение за превенција, вели Арсовска.


Слично

Поврзани вести