ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА МУ ВОЗВРАТИ НА МЕЏИТИ: „Ќе ви се сруши врз глава криминалов, буквално!“

АРСОВСКА МУ ВОЗВРАТИ НА МЕЏИТИ: „Ќе ви се сруши врз глава криминалов, буквално!“

Поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити вчера изјави дека во 80 општини во земјава има 200.000 дивоградби и дека во општините со доминантно албанско население, предничи општина Гостивар. Тој исто така ги повика институциите да дејствуват секаде каде што има недозволено и незаконско градење.

Со реакција на неговата изјава се огласи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која веќе подолго време апелира за дивоградбите во општина Чаир.

Во вашиот случај Меџити се работи за КРИМИНАЛ со ПЕРЕЊЕ ПАРИ и ФАЛСИФИКАТИ со кои деца на 5 ГОДИНИ граделе НЕБЕЗБЕДНИ ЗГРАДИ на 12 спрата во Чаир.

Од 200.000 барања за легализации во 80 општини во Македонија, Чаир има 13.000

Другите општини легализираат тераси, викендици, гаражи, поткровја градени до 2011 година, вие ГРАДИТЕ СЕГА, и со ФАЛСИФИКАТ на барањата на граѓани кои СТЕ ГИ ОДБИЛЕ за легализации на тераси, вашите другарчиња си легализираат 150 НЕБЕЗБЕДНИ ЗГРАДИ.

Ќе ви се сруши врз глава криминалов, БУКВАЛНО“, напиша таа.





ad
Слично

Поврзани вести