АРСОВСКА: Корумпираните политичари најмногу сакаат да погрешам, но јас не грешам
Корумпираните политичари најмногу сакаат да погрешам, но јас не грешам, вели скопската градоначалничка Данела Арсовска за Сител.
Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје. Ќе проверува колку пари се потрошени за украсувањето на главниот град и која фирма ги добила парите, потврди директорот Иванов.
Градоначалничката Арсовска вели дека китењето чини 30 илјади евра, но повторно не сакаше да каже кој украсува за таа сума.
Како што кажа Арсовска, покренувањето на ваква иницијатива е елементарно непознавање.
Оставка од Арсовска и избори во мај побара и поранешниот градоначалник Петре Шилегов, кој на ФБ напиша дека е доблесно да си признае дека е „тотално неспособна и некадарна да го води градот“.Инаку, српските и хрватските медиуми ја исмејуваа елката на скопскиот плоштад. И на седниците на Советот на Град Скопје често имаше конфликти, посебно меѓу Арсовска и претседавачот Трајко Славески.
Слично
