Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арсовска: Ќе изградиме ИНОПАРК за технолошки компании и старт-ап компании

Арсовска: Ќе изградиме ИНОПАРК за технолошки компании и старт-ап компании

Ќе реализираме проект - Скопје ИНОПАРК, информатичко-иновациски парк што ќе биде сместен во близина на градот и ќе зафаќа површина од повеќе од 7000 метри квадратни, вели Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник за град Скопје. Намената на паркот ќе биде за научно истражувачки цели, поврзување и напредок на технолошките компании, менторирање и поддршка на старт-ап претпријатија, но и за привлекување на ИТ гиганти од светот.

„Мапирање на потенцијалот и капацитетите на инвестициските зони на Скопје, е уште еден проект од мојата програма за економско јакнење на градот, со кој што ќе се зголеми ефикасноста при промоција на зоните и ќе се определат нови потенцијални подрачја за инвеститори, вели Арсовска.

Тврди дека на малите и средни претпријатија во Македонија, им се потребни нови форми за поддршка за самовработување на младите претприемачи. 

„Затоа, ќе се изработи стратегија и акционен план со кој што ќе се предвидат правците за развој на нови форми на соработка во насока на привлекување странски инвеститори и обезбедување соработка со домашни компании и пласман на нивните производи на светски пазари. Ќе се иницираат постапки и за обезбедување нов објект за Скопски саем, освен што им недостига на скопјани, саемот беше препознатлив по бројни саемски манифестации, културни настани и општествени збиднувања, вели Арсовска.

Уверува дека има детален план за развој на секој сегмент од Скопје, поради тоа што, како што вели, на градот му е потребно професионално работење, а не политиканство.


Слично

Поврзани вести