Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА ИЗВАДИ ДОКАЗИ - ДУП-от ЗА ХЕМИСКИТЕ ФАБРИКИ И 65 МЕТАРСКИ ЗГРАДИ ВО ЃОРЧЕ: „Ова, градоначалнику на Ѓорче Петров треба да го одговориш. Доста лажете!“

АРСОВСКА ИЗВАДИ ДОКАЗИ - ДУП-от ЗА ХЕМИСКИТЕ ФАБРИКИ И 65 МЕТАРСКИ ЗГРАДИ ВО ЃОРЧЕ: „Ова, градоначалнику на Ѓорче Петров треба да го одговориш. Доста лажете!“

Фељтонот кој градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вети дека ќе го објавува, продолжува да го полни со информации.
Овој пат, таа извади ДУП за Ѓорче Петров, со кој што ги поткрепува нејзините тврдења дека ќе се градат хемиски фабрики во оваа скопска општина, а додава и дека покрај самиот булевар ќе се градат  65 метарски згради.
„Згради од 65 метри висина кои ќе се градат покрај самиот булевар, спротивно на сите можни стандарди, закони и подзаконски акти во Ѓорче Петров.

157.000м2 објекти хемиски фабрики кои се јасно означени на Деталниот Урбанистички План. И внимавајте, имале пречистителна станица. Што ќе пречистуваат, ако нема загадувачка индустрија?

Дополнително, ДУП за згради од 65 метри висина во подрачје во кое не смее да се копа повеќе од 3 метри. Како ќе се градат овие згради без да се загадат заштитените бунари за вода Нерези - Лепенец? На какви столбови ќе бидат овие згради? Колку гаражни места ќе имаат?

Ова, градоначалнику на Ѓорче Петров треба да го одговориш. Доста лажете!“, објави таа.



Слично

Поврзани вести