Арсовска: Има и политички мотивирани центри кои сакаат да наштетат
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека за блокадите имало манипулација со луѓето кои чесно си го заработуваат лебот. Таа зборуваше за блокадите на превозниците.
Вели дека под уцени не работат. Кажа дека некој насилно се обидува да добие нешто и дека имало и политички мотивирани центри кои сакаат да наштетат.
„Многу ми е жал што јавно се пласираат многу невистини. Имаше луѓе кои рекоа дека со месеци не земале ниту денар“, рече Арсовска.
Кажа дека треба да се праша што се случувало со јавното сообраќајно претпријатије.
Слично
