Арсовска и заменикот Трајановски уверуваат дека ќе има новогодишно украсување
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и нејзиниот замени Александар трајковски вчера ги уверуваа скопјани дека новогодишно украсување на главниот град ќе има .
Арсовска во своето гостување на Канал 5 посочи дека и оваа година ќе има новогодишна програма во градот, со украсување на плоштадот, предновогодишен базар и забавен парк за деца.
-Сакаме да имаме и заштеда на средствата од буџетот на граѓаните, затоа што тие сакаат и реализација на голем број на проекти кои се од клучно значење за нив. Минатата година, оној буџет што го затекнавме и кој практично беше донесен до крајот на година беше нешто што е од претходно изготвено. Имаше многу малку што можевме да интервенираме во него и сакавме за следната година самите да интервенираме во китење, а да не чини како што чинело претходно, изјави Арсовска во студиото на Канал 5.
Додаде и дека ќе има новогодишна програма, а во однос на прославата за време на новогодишната ноќ, Арсовска рече дека граѓаните дополнително ќе бидат информирани, но напомена дека ќе учествуваат домашните изведувачи.
-Овозможивме оваа година да има новогодишен базар кој ќе биде поставен во центарот на градот. Ќе има дополнителни забавни содржини, ќе има мини забавен парк во централното градско подрачје и се она што традиционално треба да го има една метропола и верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни, устакна Арсовска.
Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 порача дека градот ќе биде украсен за Нова година.
- Украсувањата на градските улици и лани и пред лани се вршеа околу 15-ти декември Нема ништо порано ниту подоцна да биде и оваа година. Деновиве, ако не и од вечерва треба да почне украсувањето на главниот град. Беа земени во предвид повеќе параметри за трошоците. Тоа се светлосни материјали, но трошат доста струја, а ние сме во фаза на ревидирање на потрошувачката на електрична енергија. Но на две недели до крајот на годината, граѓаните ќе може да уживаат во поставените реквизити од Град Скопје, уверуваше Трајановски.
