Економија, финансии, бизнис

Контакт

“АРСОВСКА ГО ГУБИ СКОПЈЕ, СКОРО 40 КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ ВО НЕЈЗИНИОТ МАНДАТ“: Христовски вели ова е рекорд и прашува колку ќе трае оваа агонија

“АРСОВСКА ГО ГУБИ СКОПЈЕ, СКОРО 40 КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ ВО НЕЈЗИНИОТ МАНДАТ“: Христовски вели ова е рекорд и прашува колку ќе трае оваа агонија

Поранешниот директор на „Градски паркинг“, Бојан Христовски кој беше сменет од раководната функција само десет дена откако беше поставен од градоначалничката Данела Арсовска, откако реагираше за преполните контејнери, сега реагира за честото менување раководни кадри во јавните градски претрпијатија.
„Арсовска го губи Скопје: Неспособност и хаос во управувањето на градот

Данела Арсовска докажува дека не е кадарна да го води Скопје. Наместо стабилно и одговорно управување, гледаме град во постојан хаос, со кадри кои доаѓаат и си одат. Последната оставка на директорот на „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски, кој не успеа да издржи ниту два месеца, е само уште една точка на долгата листа на неуспеси.

Скоро 40 кадровски промени во мандатот на Арсовска – ова е рекорд што не зборува за ефикасност, туку за тотална неспособност да се задржат и мотивираат соработниците. Додека Арсовска продолжува со својата непредвидлива агенда, граѓаните на Скопје се оставени на милост и немилост на нејзините погрешни одлуки. Наместо да се справи со вистинските проблеми на градот – инфраструктура, јавни услуги, зелени површини – нејзиното раководење се претвори во еден бескраен циркус на кадровски смени и промашени проекти.

Зошто никој не останува на својата функција подолго од неколку месеци? Дали е проблемот во нив или во неспособноста на Арсовска да води? Скопје заслужува лидер кој знае да управува и кој може да донесе стабилност и развој. Арсовска очигледно не е таа личност.

Време е да се прашаме: колку долго ќе продолжи оваа агонија?“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести