Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА ГИ ПОВИКУВА ОЈО И ОЈОГОКК: Дури 150 дивоградби Ганиу сака да ги легализира во Чаир

АРСОВСКА ГИ ПОВИКУВА ОЈО И ОЈОГОКК: Дури 150 дивоградби Ганиу сака да ги легализира во Чаир

Градот Скопје по закон нема градежна инспекција, градежна инспекција има општина Чаир чиј градоначалник го чекавме денес 4 часа да постапи по дивоградбата на негова територија, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако вчера, неколку часа го чекаше градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, да дојде кај зграда дивоградба во близина на Пластичарската улица.

„Затоа тврдењето на “принцезата на дивоградбите” од Чаир дека барал од нас да постапиме за дивоградби што му никнуваат пред нос не само што е лага, туку е и блед обид да се извади од ситуацијата во која што е фатен.

Вистината е следна:

До овој момент Ганиу до град Скопје има испратено над 150 дописи за легализација на дивоградби. Сите се одбиени од страна на градот Скопје бидејќи се градени по 2017 година, нелегални се и не исполнуваат услови за легализација. Сите овие бесправно изградени објекти во Чаир се со амин на Ганиу и немаат одобрение од градот Скопје.

Ганиу “принцезата на дивоградбите” од Чаир не може да бега од одговорност. Ги повикуваме ОЈО и ОЈОГОКК да ги проверат овие градби во општина Чаир“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести