Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА ДОБИ ЗАМЕНИК, ова е новиот заменик градоначалник

АРСОВСКА ДОБИ ЗАМЕНИК, ова е новиот заменик градоначалник

Александар Трајановски е именуван за нов заменик градоначалник на Град Скопје.

Како што соопштуваат од градските служби тој доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.

- Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација. Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ - АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот. Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија - се истакнува во соопштението испратено од град Скопје.

Од таму додаваат дека неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје.

Слично

Поврзани вести