АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и премиерот Христијан Мицкоски повторно си разменија остри збориви поради проблемите со јавниот превоз.
„Ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз“, вели Арсовска.
Реформата за јавниот превоз која ја споменуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението на Град Скопје, ја ветиле Мицкоски и Арсовска пред скопјани, а советниците од неговата партија сега ја саботираат реформата и со тоа, како што се додава, го доведуваат јавниот превоз до колапс.
„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти, ‘патриоту’ Мицкоски, нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа. Ајде ‘патриоту’ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа кој ти со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор, градоначалник кој ти го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе“, пишува Арсовска во соопштението испратено од Град Скопје.
Нарекувајќи ја самопрогласена реформаторка на јавниот превоз, од партијата на Мицкоски вчера обвинија дека градоначалничката го довела Скопје на раб на колапс.
