Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСОВСКА: Необучени доброволци ќе фрлате во оган?!

АРСОВСКА:  Необучени доброволци ќе фрлате во оган?!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја обвини власта дека не купи нови противпожарни возила. 

„Каде е војската, каде е полицијата, необучени доброволци ќе фрлате во оган Членовите на противпожарната бригада изгинаа на терен, 24 часа се борат со огнот на повеќе локации со сите ресурси што ги имаме. На сите општини во Македонија им одобривте проекти за тротоари да прават пред избори, а ниту еден проект не одобривте на Град Скопје, не сме исполнувале услови на јавен повик ЗА КОЈ НЕМАШЕ УТВРДЕНИ УСЛОВИ. ЧИТАЈТЕ ГО ТЕКСТОТ‼️‼️‼️‼️ЕВЕ ГО ПРОЕКТОТ КОЈ НЕ ГО ОДОБРИЈА, а одобрија проекти 77 општини да прават тротоари пред избори. И денес ви го велам истото како и во 2024 година, срам да ви е!“, пишуваа таа. 

Во скопско, во Дојран и во Крива Паланка беснеат пожари. 


Слично

Поврзани вести