Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРСИМ ЗЕКОЛИ: ПРЕТСТОЈАТ ЛИ 100 ДЕНА ВЛАДА СО ДУИ - еве што велат договорените правила

АРСИМ ЗЕКОЛИ: ПРЕТСТОЈАТ ЛИ 100 ДЕНА ВЛАДА СО ДУИ - еве што велат договорените правила

Аналитичарот Арсим Зеколи се прашува дали по поднесената оставка на премиерот Зоран Заев можеби доаѓа период во кои 100 дена ДУИ ќе ја предводи Владата. 
„Недостасува ‚неотповиклива' но наликува на таква оставка "до новата влада". Во секој случај, добар гест. За разлика од изнудената на НГ 2017 и недадената на ХМ 2020 и ЗС 2020/21.

Ова требаше да бидне лани. Сценарио Тереза Меј - Борис Џонсон? Новост и преседан кај нас? Или 100 дена ДУИ?“, напиша Зеколи.

Но, според коалицискиот договор, во последните 100 дена пред парламентарни избори, треба да биде премиер Албанец, односно од ДУИ.
Заев по оставката беше дециден дека тој не е за предвремени избори, туку и самиот ќе помогне СДСМ да го продолжи мандатот од 2,5 години, упатува на тоа дека треба да имаме нова влада со премиер од СДСМ.

Слично

Поврзани вести