Арсовска: Гасификација на Скопје и нови еколошки автобуси, за загадувањето не треба половични решенија
Мора да има системски решенија за загадувањето. На скопјани им е доста од оправдувања дека нема време нешто да се среди. Скопје не е чист еколошки град и загадувањето во Скопје сеуште е тема меѓу скопјани, вели Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на град Скопје.
Вели дека во програмата за модерно Скопје планира формирање на зелен совет со експерти за животна средина и претставници од невладиниот сектор каде ќе се разгледуваат сите прашања од областа на екологијата и урбаниот хаос во Скопје. Ќе се отвори и зелена линија каде граѓаните ќе може да пријават загадување и инциденти поврзани со животната средина, а инспекциските и интервентните тимови ќе преземат акција веднаш без одложување.
„Уште во првите 82 дена од мандатот ќе ги исчистиме дивите депонии каде се согорува опасен отпад. Ќе набавиме 250 еколошки автобуси и ќе го олесниме пристапот до јавниот превоз, со бесплатниот и квалитетен јавен превоз се очекува намалување на користењето на автомобили и сообраќајниот метеж. Ќе бидат воспоставени повеќе пешачки зони во општините, каде што пешаците и велосипедистите ќе имаат приоритет пред автомобилите. Секоја година ќе бидат засадени 100.000 нови дрвја за да го зголемиме зеленилото во градот,нема повеќе да се сечат дрвја ниту во центарот ниту на било кое друго место во градот. Ќе иницираме закон за заштита на Водно и ќе се отпочне со продолжување на жичарницата. Со работа за конечна реализација на гасификацијата ќе се овозможи еколошко решение за скопјани. Дополнително, ќе се реализираат 5 нови мега паркови, вели Арсовска.
Слично
