Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арон Шериниан: Иднината е во „smokefree“

Арон Шериниан: Иднината е во „smokefree“

Арон Шериниан неодамна беше дел од фестивалот Денови на комуникации а токму таму Фактор имаше можност да поразговара со експертот за односи со јавноста со повеќе од две децении искуство во корпоративниот, филантропскиот и дипломатскиот сектор.    

Шериниан , својата кариера ја почна и успешно ја изгради во американската дипломатија како шеф за комуникации на Фондацијата на ОН, а во индустријата која по самата своја природа е предизвикувачка, постигна голем успех. Во улога на глобален директор за комуникации на Aga Khan Development Network, игнорирајќи ја географската дистанца и разновидноста на индустриите, Шериниан изгради мостови меѓу политичките идеологии.

Денес тој е глобален комуникациски потпретседател на Philip Morris International, а неговата единствена позиција го прави лидер во комуникациската трансформација на една од најголемите светски корпорации.

Го прашавме кој е неговиот став за одлуката на Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за одобрувањето на комерцијализацијата на IQOS во САД со строги почитувања на правилата на маркетингот и комуникацијата. 

Еве што ни одговори на прашањето Дали мисли дека тие правила ќе им го отежнат пристапот на повозрасните пушачи кои бараат (и заслужуваат) подобра алтернатива.

- Одлуката на ФДА е резултат на робустен процес на разгледување на достапните научни докази на нашата компанија и независни организации од трети земји. Нашата комуникациска цел сега, по одлуката на ФДА, останува иста како и до денес: да помогне во спроведувањето на разговорите со почит за оддалечување од традиционалните цигари. Ова вклучува многу конзистентна порака дека ако не пушите, немојте ни да почнувате. Ако сте возрасен пушач кој не престанува да пуши, со оглед на фактот дека престанокoт со пушењето е најдобрата опција за здравјето, преминете на користење подобри алтернативи-изјави Шериниан .

Слично

Поврзани вести