„АРОГАНТНО ДЕЛИ 'УМ' НА СВЕТСКИ ЛИДЕРИ, А САМ СЕБЕ НЕ СЕ ГЛЕДА“: Николоски му реплицираше на Пендаровски - 'не ја руши позицијата на Македонија'
По телевизиското гостување на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, во кое ја критикува надворешната политика на актуелната политичка гарнитура со реакција се јави и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
- Стево Пендаровски - човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп.
Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели „ум“ на светски лидери, а сам себе не се гледа - посочи Николоски
Но, тој не застана тука, и го нарече Пендаровски „човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме „проруски", „антизападни“, „антиамерикански", за мене слушам напишале дека сум претставник на „иранско - турско - унгарско влијание" и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански“.
- Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш! - му реплицираше на крајот Николоски на поранешниот претседател.
За потсетување, Пендарвски вчера гостуваше на телевизија Сител, каде зборуваше за одлуката на актуелната Влада да ја поддржи САД и новата политика која ја води претседателот Трамп, но и за поврзувањето со Унгарија.
Слично
