ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ароганцијата убива по втор пат: Апасиев за односот на Мицкоски кон родителите на загинатите од Кочани

Ароганцијата убива по втор пат: Апасиев за односот на Мицкоски кон родителите на загинатите од Кочани

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев реагираше на тврдењата на родителите на загинатите од Кочани за односот на премиерот Христијан Мицкоски кон нив на средбата во Владата, која тие ја побараа.

„На средбата со родителите на децата од Кочани во Влада, остварена на нивно барање, дури после четири месеци од трагедијата која се случи поради корумпираниот систем, нашиот и ваш премиер Христијан Мицкоски: - не изразил сочувство за жртвите (им рекол само едно ладно "Како сте"?); - ги обвинил дека опозицијата им ги пишувала барањата; и на крајот; - им рекол да си напишат цена за загубените животи на нивните најмили!?
Штипнете се и речете дека не е вистина, плс!!! Ароганцијата убива по втор пат“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Родителите за тоа како течела средбата со премиерот Мицкоски известија преку социјалните мрежи, со став дека целата средба била неправда.


ad
Слично

Поврзани вести