(ФОТО) Охридскиот пратеник Арнаудов им се опули на илјадарките и девизите
По скандалозното
барање на обвинетиот пратеник од Охрид, Љубен Арнаудов, медиумите да му платат 50 евра за изјава,
новинарите кои се присутни на судското рочиште за 27 април, во знак на протест,
собраа пари и му ги понудија на Арнаудов за да им даде изјава дали ќе поднесе
барање за амнестија. Но, и покрај тоа, тој не го стори тоа.
На укажувањата на новинарите за непримерниот и недостоинствен однос, Арнаудов рече дека немал намера да ги навреди новинарите туку само сакал да се пошегува.
Собранието со 95 гласа „за“, и без против и воздржани, го донесе Законот за амнестија за насилствата на 27-ми април минатата година. Согласно законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.Секој од обвинетите ќе треба сам да побара помилување во рок од пет дена од стапувањето во сила на законот, а судот и обвинителството ќе одлучат дали амнестијата го опфаќа и него.

