Арнаудов излезе од куќен притвор и даде коментар дали ќе гласа „За“ уставни измени
Со гаранција од околу 300.000 евра пратеникот Љубен Арнаудов излегува од домашен притвор, потврдија од Апелација, исто како и Сашо Василевски кој беше пуштен да се брани од слобода истиот ден но нешто порано. Од петтемина обвинети пратеници за „крвавот четврток“ на 27 април само Крсто Мукоски не е на слобода.
Арнаудов по оваа одлука за медиумите даде и коментар дека се уште не е подготвен да оцени дали ќе гласа „за“ или „против“ отворањето на уставните амандмани на собраниската седница, на која треба да се врати по подолго отсуство.
„Засега немаме ништо размислувано, ама секако ќе работиме исклучиво во интетес на Македонија и на македонскиот народ. Никој не ми јавил тие се во парламетот се расправаат, ние сме во судница“, изјави пратеникот Љубен Арнаудов прашан и дали има притисоци.
Пратеникот Сашо Василевски без да одгвори дали ќе гласа за уставните измени само кусо одговорил дека е на судски процес и дека не е ево можност да зборува.
