Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРМИСКИОТ ХЕЛИКОПТЕР ВКЛУЧЕН ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ НА ПЛАНИНАТА СЕРТА: утрово гори на неколку локации во Македонија

АРМИСКИОТ ХЕЛИКОПТЕР ВКЛУЧЕН ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ НА ПЛАНИНАТА СЕРТА: утрово гори на неколку локации во Македонија

Десет пожари на отворено имало низ Македонија во текот на изминатата ноќ, но од нив се уште се активни три пожари, во општините Градско, Неготино и Ново Село на кои се дејствува со воздухопловна противпожарна поддршка, како и подршка од полицијата и армијата.

Како што информираат од Центарот за управуање со кризи, има делумна контрола врз големите пожари на отворено во Општина Неготино и Општина Градско, а од утрово се дејствува и во Општина Ново Село и човечки животи не се загрозени 

- Воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица од МВР вчера беше драгоцена на храбрите пожарникари за да се изгаснат опасните краци на двата активни пожари на отворено коишто имаат поголеми размери. Конкретно, се гаснеше, а и денеска од рано утрово во Општина Градско помеѓу селата Караслари и Црквино, над месност „Венуле“, каде гори нискостеблеста деградирана шума ниска вегетација и дрва. Како и во Општин Неготино во атарот на с.Пепелиште каде гори ниска вегетација и шума. 

Генерално ПП силите имаа и имаат делумна контрола врз големите пожари на отворено во Општина Неготино и Општина Градско со речиси постојаната воздухопловната поддршка од МВР и ги изгаснаа опасните краци на пожарот што загрозува села. Човечки животи не се загрозени - појаснуваат од УХМР. 

Денеска од утрово и армискиот хеликоптер со големо ведро е активиран и започна дејство врз пожарот на планината Серта (Конечка планина) каде што утрово од земја гаснат поголеми сили. 

- Инаку, благодарение на вчерашната одлука на Владата со којашто се надмина повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, се очекува денеска (околу 10.00 часот) да му се придружат и 2 или 3 „ер трактори“ на ДЗС. 

Утрово започнува гаснењето и на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, над селото Бадилен.

Бидејќи се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер на МВР префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух. Инаку, како помош на ПП екипите се вклучени во координација со општинските кризни штабови и мештани кои добро го знаат теренот, иако е непристапен, и им помагаат на пожарникарите - се појаснува во соопштението на ЦУК. 

Додаваат дека дел од екипата која помага во ганењето се и неготинските ловците и ловците од Ново Село Струмичко. 

Фото: ЦУК

Слично

Поврзани вести