Армијата вработува 100 нови војници: Плата над 25.000 денари
Министерството за одбрана објави нов оглас за прием на 100 професионални војници во Армијата.
Станува збор за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 (четири) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.
Платата изнесува над 25.000,00 денари, со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.
Со избраните кандидати Министерството за одбрана ќе склучи договор за работа во траење од три месеци, во кој период влегува основна војничка обука, а по чие успешно завршување со лицето се склучува договор за работа од четири години.
За времетраење на основната војничка обука, лицето кое ќе биде примено како професионален војник на служба во Армијата ги остварува сите права и обврски од работен однос согласно со овој закон.
