Економија, финансии, бизнис

Контакт

Армијата бара нови подофицери, плата над 30.000 денари, со дополнителни надоместоци, а ќе одите и на воена обука ако не сте служеле војска!

Армијата бара нови подофицери, плата над 30.000 денари, со дополнителни надоместоци, а ќе одите и на воена обука ако не сте служеле војска!


Министерството за одбрана објави јавен оглас за прием на седум подофицери од воздухопловно-техничка служба, во чин водник, на неопределено време. Новите припадници ќе бидат распоредени во Воздухопловниот Винг при Командата за операции, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

На огласот може да се пријават кандидати кои се државјани на Република Македонија, полнолетни, со завршено средно образование од машинска или електротехничка струка, кои имаат добра здравствена и физичка подготвеност и не се постари од 25 години. Кандидатите што немаат доброволно служено воен рок ќе бидат упатени на тримесечна војничка обука.

Работното време е од понеделник до петок, во период од 8:00 до 16:00 часот, со неделно 40 работни часа.

Нето платата изнесува над 30.700 денари, а дополнително се исплаќаат над 13.000 денари месечно за станбено обезбедување и други надоместоци предвидени со Законот за служба во Армијата и Колективниот договор во Министерството за одбрана.

Министерството посебно ги охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават. Рокот за аплицирање е 15 дена од објавувањето на огласот.

Пријавите се поднесуваат лично во Министерството за одбрана или по пошта со препорачана пратка.


Слично

Поврзани вести