Економија, финансии, бизнис

Контакт

Армијата ангажирана за гасење на пожарот на планината Серта

Армијата ангажирана за гасење на пожарот на планината Серта

Откако Владата прогласи кризна состојба, претседателката и Врховен Командант на Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова, нареди ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско.

Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

„Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогодисекогаш кога било потребно“, порачаа од Министерството за одбрана.


Слично

Поврзани вести