АРМ се засили со нови оклопни возила Stryker
Армијата на Република Северна Македонија доби нови оклопни возила Stryker, кои денеска беа промовирани во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, во присуство и на премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за првата испорака од 17 возила, од вкупно 42 што треба да пристигнат во рамки на договорот со Соединетите Американски Држави.

Набавката е дел од процесот на модернизација на Армијата и од соработката меѓу Северна Македонија и САД по принципот Влада со Влада. Покрај Stryker, во рамки на оваа соработка претходно се испорачани и 96 лесни оклопни возила JLTV.

Со новите Stryker возила се очекува да се подобрат мобилноста, заштитата и оперативните способности на Армијата.
Слично
