Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРМ активно во борбата пртотив ковид: Шаторите на армијата како тријажен центар за кумановската болница, од денеска и воено санитетски возила за јавното здравство

АРМ активно во борбата пртотив ковид: Шаторите на армијата како тријажен центар за кумановската болница, од денеска и воено санитетски возила за јавното здравство

Веќе неколку дена како се поставени шаторите во кругот на Општата болница во Куманово, веднаш до инфективното одделение, и тие се преполни со пациенти. Во изјава за Фактор, координаторот на матичните лекари од Куманово, д-р. Фатмир Асани потврди дека нема место за болничко лекување на пациентите од овој град, заради што оние кои се со средно тешка клиничка слика, секојдневно доаѓаат да примаат кислород, што всушност е начин на третирање во дневна болница.

-Шаторите се поставени од пред неколку дена. Тоа е всушност тријажен центар. Таму се дава терапија, се вршат прегледи. По неколку часа се задржуваат пациентите по што им се кажува дали треба да бидат хоспитализирани или пак нивната состојба ќе се следи на дневна основа. Голем дел од нив примаат кислородна поддршка, но велам како во дневна болница. Доаѓаат, остануваат 2-3 часа да примат кислород, им се мери сатурација и си заминуваат. Некои од пациентите и сами си ги купуваат апаратите за кислород, некои ги третираме и амбулантски. Во Куманово има неколку добро опремени ординации каде што може ова да се направи. Сепак, лично сметам дека треба да бидат болнички третирани, односно хоспитализирани барем неколку дена, зошто вирусот е навистина непредвидлив, па клиничката слика, кај одредени пациенти се менува од час во час, но нема каде. Еве и јас сум позитивен, а тоа е и нормално кога постојано сме со пациенти, а веќе вирусот е и многу повирулентен и широко распространет, вели за Фактор, д-р. Асани.

Освен што АРМ помогна со поставување на шаторите во Куманово, денеска во кругот на поликлиника Букурешт министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за здравство, Венко Филипче, ќе присуствуваат на предавање на воено санитетски возила од Армијата кои времено ќе се користа во јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со епидемијата на корона вирусот во Македонија. 

Вклучувањето на АРМ во борба против Ковид-19 го најави претседателот Стево Пендаровски по последната седница на Советот за национална безбедност, на кој присуствуваа и премиерот Зоран Заев, како и министерот за здравство, Венко Филипче.

Анита Буховски

Слично

Поврзани вести