Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРКТИЧКИ БРАН: Иде крај на топлиот октомври-следната недела голема промена на времето

АРКТИЧКИ БРАН: Иде крај на топлиот октомври-следната недела голема промена на времето

После долготрајното и невообичаено топло време во поголем дел од Европа, следната недела доаѓа голема промена на времето.

Метеоролошкиот сајт „Severe Weather Europe“ објави дека во средината на следната недела, според сите достапни модели, посебно цела Европа ќе ја погоди силен Арктички бран, со што ќе се стави крај на топлото време во Октомври.

„Студениот бран би можел да донесе и снег во пoниските предели“, се наведува на сајтот.

Времето ќе почне да се менува во почетокот на следната недела на подрачјето на Скандинавија, а потоа ќе се движи кон источна Европа и балканскиот полуостров.

Силниот бран ќе доминира во четвртокот во источна Европа и балканскиот полуостров, додека ќе слабее над западна Европа.

„Многу студена воздушна маса ќе продолжи движење брзо кон југ и веројатно до петок наутро ќе допре до северозападна Турција“, наведува „Severe Weather Europe“ .

Во сабота бранот ќе слабее над источна Европа, но ќе се врати во југоисточниот Медитеран и ќе донесе тешки временски услови на подрачјето на Блискиот истоок.

Слично

Поврзани вести